ТРОЈАНСКИ
Posted on декември 30th, 2011 in поезија, религија, љубов

ТРОЈАНСКИ
*не мислиш
Сакаш дожд што паѓа
додека е тука
ко да приспивна
доаѓа од најмила уста
жедно
ја
слушаш
Си мислиш
една нежност,таму далеку
кон тебе нараснува
и се простира неограничено
Не мислиш ли
дека капките говорат
низ нивното милно леење
од покриви и олуци
листови и гранки
до вирови и барички
Не мислиш можеби
во налет јачи
неисплакано срце
што скаменило тага
водигнивајќи солзи
Па сега лее лее.
.
.
.
Ствари
Тие се потрајни од човека
пред нас и по нас ги има
си траат спокојно
а сите човечки страдања ги допираат.
Рамнодушни сведоци
за раѓање живеење и умирачка
Внукот држи в раце
насмеана чашка
додека од дедо слуша уроци
за неговите предоци
од која и тие еднаш дамна пиеле
Со неверица тажна
ќерката ги гледа
дур ги навлекува тие ракавици сиви
што ги плетеле мајкините раце
што не се веќе живи
Вткаена љубов,надеж,вера
среќа,мисли,минути
мириси,насмевки
чуваат во себе тие ствари
што остануваат по тебе по мене по нас.
.
.
БезТебе
Отаде овој свет
ја има благоста твоја
а јас овдека ја барам
Сега што и да сретнам
да е добро
мене ми е пратено од тебе
Ги толкувам сите насмевки
од тебе допрени
усни
ко да ти успева
да преминеш
и дојдеш
до мене
На овој земски пат
ми праќаш
денови радосни
милостиви срца
спокојни ноќи
дережливи луѓе
Тоа си ти..
си мислам
Верувам,во твоите чисти
прсти
од сиот мој живот сега се плетат
ткаења,прекривки
за да имам топлина доволна
да ништо не ми е
да не ми е стемнува
да не ми се разденува
без ти да одобриш
а
мене
да
ме
одоброволиш.
.
.
